Мец немаше милост за Ѓорѓиевска и Подравка, Крим изненаден дома

Во првото коло од Лигата на шампиони за жени фаворитките остварија победи, единствено Крим беше изненаден на домашен терен од претставникот од Чешка, Мост Бањик.

Подравка на гостувањето кај Мец доживеа катастрофален пораз од 40:26. Репрезентативката на Македонија која настапува за Подравка, Елена Ѓорѓиевска постигна два гола од шест обиди. Сепак составот од Хрватска беше целосно надигран од Мец. На полувреме беше 24:13 за домашниот состав.

Крим во првиот настап пред своите гледачи претрпе пораз од Мост со 29:31, иако по првото полувреме имаше минимална предност 14:13.

Бранителот на титулата Ѓер имаше лесна задача против против Савехоф кого го совлада 35:23, а уште по првите 30 минути ја најави победата кога имаше предност 17:11.

ЧСМ Букурешт успешно ја започна сезоната триумфирајќи на гостувањето против Есбјерг со 24:22. Амбициозниот состав од Романија кој остана без тренерот Риде, имаше одлично полувреме кога имаше предност 13:8 што беше доволно за конечна победа.