Металурзите се загреаја во „Рдеча дворана“, утре следува вистински пекол (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Металург вечерва го одработија претпоследниот тренинг пред утрешниот дуел против Горење, кој се игра со почеток од 20 часот.

Сите 17 ракометари од кои Зоран Кастратовиќ утре ќе мора да одбере 16 одработија максимално така што сега останува утревечер да се види како ќе се одвиваат работите за време на натпреварот.

Ќе следува интересен меч, а сите се подготвени за да го покажат најдоброто на теренот. Останува само да се види дали ќе успеат да го покажат она што го планираат и што тренерот Зоран Кастратовиќ го посакува за првиот дуел. Јасно е дека ќе има вистински пекол на трибините и ќе биде тешко да се игра, но на вакви средби треба да се покаже најдоброто.