Металург покажа карактер, Динамо има уште да учи

Ракометарите на Металург се вратија со победа од гостувањето во Панчево која им е прва во оваа сезона во СЕХА-лигата. Во таборот на вицешампионот на Македонија има причина за задоволство, но ќе треба да продолжат во ист стил.

„Денеска на жешкиот терен покажавме карактер и издржавме многу. Практично кога беше најпотребно бевме во најдобро издание“, изјави Вања Илиќ.

Тренерот на Динамо најавуваше уште една победа после онаа против Војводина на стартот од сезоната.

„Моите играчи и јас заедно со нив сакаме да растеме во СЕХА-лигата и да видиме како изгледа тоа на врвно ниво. Сепак, доколку сакаме подобри резултати мораме да имаме подобар пристап. Треба да го респектираме противникот, но не и да влезмее во натпреварот така нервозни како што беше случајот против Металург“, коментираше Иван Петковиќ.