Металург остана без тренер – Дамир Стојановиќ замина од Автокоманда

Повеќекратниот македонски првак Металург после само два месеци реши да ја прекине соработката со тренерот Дамир Стојановиќ. Она што можеби претходно се прикриваше со резултатите, добрата игра сега излезе на виделина и по ремито со Пролет, кога металурзите се спасија од пораз во последната секунда управата на клубот и српскиот тренер решија да ја прекинат соработката.

Засега не е важно дали Стојановиќ добил отказ, или се работи за взаемна одлука. Металург влегува повторно во турбулентен период и ќе треба да најде решение за задржуваме на мирот и концентрацијата. На подмладениот тим му треба стратег што ќе знае да ги спи сите коцки и да успее повторно д аго врати тимот во самиот врв и во борбата за првите две места.

Марко Шешум, кондициониот тренер што дојде заедно со Стојановиќ ќе остане во Автокоманда. Во стручниот штаб на Металург во моментов е само Петар Мисовски кој работи како тренер на голманите.

Тимот од Автокоманда летово ги смени тренерите во двете екипи. Стојановиќ дојде во првиот, а Игор Котевски во Металург 2.