Металург до првата победа во македонскиот плеј оф

Екипата на Металург на доминантен начин стигна до првите бодови во македонскиот ракометен плеј оф. Плаво-белите на гостински терен го совладаа Тинекс Пролет со убедливи 31-17 (17-9). Металург уште од самиот почеток на натпреварот покажа кој е кој на овој натпревар и постојано ја зголемуваше својата предност за на полувреме да замине со убедливи 17-9.

Во второто полувреме се продолжи во исто темпо, Металург  ја контролираше играта за конечни 31-27. Најефикасен на натпреварот беше Дејан Манасков постигнувајки 7 голови. Филип Миркуловски го пропушти овој натпревар поради суспензија, Дарко Станиќ беше поштеден, а Гоце Геогиевски отсуствуваше поради повреда.

РК Тинекс Пролет – РК Металург  17:31 (9:17)

РК Тинекс Пролет: Грчевски, Коруновски, Цветковски, Димовски, Мајнов 1, Апостоловски, Ролевски 1, Јовановски, Петковски 2, Андоновски 4, Стефанов 6, Петрушевски 2, Трајковски 1, Стојановски и Андовски.     Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 6 минути.

РК Металург: Мијатовиќ, Митревски, Ојлески 5, Димовски 1, Пецаковски 2, Вугринец 1, Манасков 7, В.Маркоски 1, Н.Маркоски, Мојсоски 1, Циндриќ 3, Атман 2, Кеџо 2, Јоновски, Борозан 5 и Мандиќ 1.     Седмерци: 4/5.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Камишевски Душко од Скопје.