Мајса Песоа го напушта Букурешт

Една од најдобрите голманки во светот, Мајса Песоа во продолжението од сезоната нема да брани за романската екипа ЦСМ Букурешт. По Екатерина Веткова, репрезентативката на Бразил реши да го напушти клубот каде во последните денови се создаде неизвесна ситуација поради апсењето на главниот финансиер на клубовите од градот Букурешт.

Песоа во Букурешт пристигна од Динамо Волгоград, а пред тоа настапуваше и за Иси Париз од Франција. Со нејзиното заминување поголема минутажа на голот ќе добие хрватската интернационалка, Јелена Грубишиќ.

Фото:CSM Bucuresti