Марина Дмитровиќ во Орду

Ракометарката на ЖРК Вардар СЦБТ, Марина Дмитровиќ во следната сезона ќе настапува за екипата на Орду.  Турската екипа Орду стана новиот суперлигаш и како победник од првата лига следната сезона ќе игра во најквалитетното натпреварување . Низ повеќето турски медиуми  како трансфер бомба се пренесе оваa информација. Работата била целосно завршена, а останува уште Дмитровиќ во Турција да го потпише договорот, тоа ќе биде на 24 мај како што пренесуваат турските медиуми.

dmitrovic
Фото: www.zrkvardar.com

Ова ќе биде второ интернационално искуство за Марина Дмитровиќ. Иако немаше доволно голема минутажа, српската репрезентативка покажа зошто Вардар сметал на нејзините услуги во изминативе сезони.