Манасков: Срамoта! Кире на 40 години се тепа, а некои се влечат по теренот! (ВИДЕО)

Македонија и стави крај на црната серија од четири порази за ред, и со триумфот над Чиле од 32-30, се пласираше на 15 позиција на Мундијалот во Данска и Германија. Тактиката седум на шест која требаше да биде наше изненадување за останатите тимови, даде резултат само против репрезентациите од неевропско тло, па пласманот на 15.место не треба да биде изненадување.

Дејан Манасков беше еден од поагилните македонски ракометари и константна опасност за противничките голмани на ова СП. Можеби процентот на погодени удари можеше да биде и повисок но не излегува секогаш како што ние посакуваме.

Според него ако се продолжи во ист правец Македонија ја очекуваат тешки денови во ракометот. Манасков не сакаше да именува никого, но јасно е дека пораката е упатена кон младите репрезентативци и нивното недоволно залагање на теренот. Нешто слично претходно изјави и голманот Ристовски, па останува по завршување на првенството  РФМ да направи една анализа за тоа како ќе се продолжи во иднина.

Целосната оценка на Манасков за настапот на Македонија на ова СП, недоволната ангажираност од младите ракометари, како и за конечниот пласман на 15.место погледнете ја подоле во изјавата за 24Ракомет ТВ.