Манасков: Одиме во Вараждин по нови победи

Македонија одигра натпревар за историја. Актуелниот Европски шампион Германија, не успеа да ја совлада храбрата „црвено – жолта“ чета на Раул Гонзалез . Дејан Манасков не го криеше задоволството од перфектниот настап на репрезентацијата и освојувањето на првото место во групата.

„Ова е одличен резултат. Супер е . Први сме во групата. Пресреќен сум од она што го направивме овде во Загреб. Можеше да се случи се на оваа средба. Пред натпреварот Кире рече дека ако некој ни даде бод против Германија ќе потпишеме. Одиме со три бода во втората фаза, па што ќе биде нека биде таму“, изјави Манасков.

Тој во минатите неколку години често знаеше да каже дека Хајнефетер е голман против кој секогаш му оди тешко. Сега успеа да го надигра.

„Во минатото имав два пеха. За среќа беше подобро денеска. Ова е одличен резултат. Машки се боревме 60 минути. Против гранитна одбрана и добар Волф во првото полувреме. Го имавме и ние Борко кој беше одличен. Сите одигравме добро во одбрана. Одиме во Вараждин за да ги израдуваме нашите поддржувачи“, изјави Манасков после средбата