Манасков: Греота е да се гледа Вардар вака, но Вардар пак ќе победува (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија кој една сезона беше дел од екипата на Вардар, Дејан Манасков во своите коментари зборуваше за тоа дека ова не е вистинското издание на „црвено-црните“ и дека многуте повреди им задале многу проблеми.

„Вардар се соочува со огромни проблеми. Денеска тоа беше пресудно бидејќи немаат доволно играчи во ротација. Се подготвуваме за ваква игра 7 на 6. Неочекувано лесно дојдовме до победа. Греота е да се гледа Вардар воваква ситуација. Сигурен сум дека Вардар пак ќе победува откако ќе се комплетира“, изјави Манасков за 24 Ракомет ТВ.

Комплетната изјава можете да ја погледнете во продолжение.