Македонските ракометни фанови во исчекување: Koи ќе бидат противниците на Вардар, Металург и Жрк Вардар во групната фаза на ЕХФ Лигата на шампиони?

Денес од 18:00 часот во Виена ќе се одржи ждрепката по која нашите екипи Вардар, Металург и Жрк Вардар СЦБТ ќе дознаат кои ќе бидат нивни противнци во групната фаза на ЕХФ Лигата на шампиони.

Металург како ракометен шампион на Македонија обезбеди директно учество во групната фаза на Лигата на шампиони, додека пак Вардар и Жрк Вардар СЦБТ како резултат на извонредните игри минатата сезона во Лигата на шампионите добија можност од ЕХФ и тие да бидат директни учесници во групната фаза, секако на задоволство на многубројната армија вардарови навивачи.

Металург ќе се најде во вториот “шешир” заедно со екипите на: Колдинг (Данска), Целје (Словенија) и Данкерк (Франција), и со овие екипи не може да се најде во иста група.

Вардар ќе го започне ждребувањето од петтиот “шешир” заедно со екипите на Фленсбург (Германија), Алборг (Данска) и ПСЖ (Франција) и исто како и Металург нема да може да ги има овие тимови за противници во групната фаза.

За разлика од минатата година, оваа сезона нема да може во групната фаза да се сретнат тимови од иста земја, па така нашите претставници ќе ги избегнат меѓусебните дуели дуели бар што се однесува до настапите во своите групи.

Нашите шампионки, екипата на ЖРК Вардар СЦБТ ќе биде сместена во третиот “шешир” во друштво со Мец (Франција), Хипо (Австрија) и Локомотива Загреб (Хрватска), со кои исто така нема да може да се сретне во почетната групна фаза.