„Македонскиот“ дуел во Шпанија заврши со поделба на пленот

Покрај во Бундес лигата, оваа сезона има „македонски“ двобои и во Асобал лигата, а таков беше оној меѓу Гвадалахара каде што игра пивотменот Костадин Петров и Синфин Сантандер, во чиј состав е бекот Дарко Димитриевски.

Натпреварот од четвртото коло заврши нерешено, 28-28, а за победата повеќе може да жали домашниот тим, бидејќи испушти предност од шест голови на петнаесетина минути до крајот.

Петров на овој дуел постигна два гола од два обиди, додека Димитриевски во листата на стрелците се запиша еднаш од два обиди.

Гвадалахара во следното коло оди на дуел на гостински терен кај Адемар Леон, додека Синфин Сантандер ќе игра дома со Пуерто Сагунто.