Македонија тргна во лет, но Чешка брзо ја приземји (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Изменетиот состав на репрезентацијата на Македонија одигра две различни полувремиња со сосема различни лица и на крајот претрпе пораз од 29:37 од селекцијата на Чешка во 2. коло од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Одличните 30 минути во кои имаше постојано егал игра, но и добриот старт на вториот дел беа премалку бидејќи Чешка со искусна игра знаеше како да ги приземји младите ракометарки кои фатија убав залет. На крајот поразот е голем така што нема да биде лесно и во следниот период и ќе мора многу да се работи за да дојдат подобри резултати. Следните средби се во март против Португалија, па има доста време.

Како изгледаше денеска на теренот против Чешка може да се види од фотографиите во продолжение.