Македонија со пораз го заврши ЕХФ-шампионатот

Кадетските репрезентативци на Македонија денескa го одработија последниот натпревар на ЕХФ-шампионатот, а останаа без место на подиумот. После вчерашниот пораз од Белорусија денеска загубија и од селекцијата на Швајцарија, па завршија на 4. место што значи дека нема да има медал на крајот од турнирот.

Македонија имаше добро прво полувреме во кое одигра израмнето со Швајцарците, но потоа во вториот дел од средбата немаше веќе сили за да се успее во намерите да се дојде до победа, па противникот успеа да дојде до предност.

После 16:16, Швајцарија стигна до предност која на крајот од средбата изнесуваше 35:31, па тоа им го донесе 4. место на крајот од турнирот. Секако ова е добар резултат за оваа генерација, но факт е дека после петте победи во групната фаза се очекуваше и повеќе.

Сепак, главното од нив ќе се очекува следната година кога во Скопје ќе биде Светското првенство за кадети. Тогаш ќе треба да го демонстрираат квалитетот на дело и да се борат за висок пласман.

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА                31:35 (16:16)

Сала: Олимписка во Тбилиси. Гледачи: 200. Судии: Алан Раухс и Филип Линстер од Луксембург. Делегати: Исгандар Асгаров и Ремус Којокару од Романија.

МАКЕДОНИЈА: Кизиќ, Василевски, Тодески, Божиновски, Карапалески 1, Каковски, Кондев 1, Серафимов 7, Митиќ 4, Костески 6, Ѓорѓиев  3, Џигероски 4, Анѓелковски, Ќосевски, Витанов, Симоноски 5.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.

ШВАЈЦАРИЈА: Грациоли, Даман, Шалтегер, Цендер 8, Шваб 7, Ванер 6, Егиман 4, Марковиќ 4, Буило 3, Хофер 1, Илиќ 1, Фоскамп 1, Бен Ромдан, Брандт, Шелкер

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.