Македонија со една од „најмеките“ одбрани на Мундијалот

На листата на репрезентации со најмалку исклучувања и други санкции на овој шампионат, селекцијата на Македонија го има високото 3. место, а разликата во однос на Кореја и Шпанија е речиси невидлив 0,1 поен.

Македонија на седум средби имаше 21 исклучувања и само осум жолти картони со што имаше 7,1 негативни поени, а со тоа и заврши високо на листата.

Ова според некои секако ќе биде знак дека Македонија не играла доволно остро, но од друга страна е и показател дека се играше во границите на дозволеното во одбраната.

ФЕР-ПЛЕЈ ЛИСТА

7,0 – Кореја (19 исклучувања/1 црвен картон/6 жолти картони)

7,0 – Шпанија (26 исклучувања/11 жолти картони)

7,1 – Македонија (21 исклучување/8 жолти картони)

8,2 – Хрватска (27 исклучувања/20 жолти картони)

8,7 – Франција (36 исклучувања/15 жолти картони)