Македонија е комплетна: Пристигна и последниот дел од мозаикот на Раул (ФОТО)

Откако во понеделникот(22.10) започнаа подготовките на најдобрата македонска репрезентација, од утрово селекторот Раул Гонзалез ќе може да смета на комплетниот список повикани репрезентативци. Последен на подготовките се приклучи левиот бек Филип Талески кој имаше клупски обврски со својот тим, Рајн Некар Ловен во Бундеслигата.

Талески утрото го започна со своите колеги во фитнес клубот во базата на македонската репрезентација. 

Македонија во рамките на квалификациите за Европското првенство 2020 година, чии домаќини се Шведска, Австрија и Норвешка, ќе ги одигра првите два натпревари од групата 3, против Турција во Битола (четврток 25.10.2018) и против Грција во недела (27.10.2018).