Македонија – Грузија ВО ЖИВО на 24Ракомет ТВ (ЛИНК)

Натпреварот меѓу Македонија и Грузија кој денеска ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ од 16 часот денеска ќе биде пренесуван на 24 Ракомет ТВ.

Сите кои не се во можност да бидат во салата, а сакаат да го погледнат овој натпревар ќе можат да го направат тоа преку 24Ракомет ТВ, а ова е премиерно емитување во живо на еден натпревар на овој канал.

Средбата е втора меѓу овие две екипи во рамки на ЕХФ недела, а вкупно четврта за Македонија во оваа седмица после контролите со Турција и Италија и вчерашниот прв дуел против Грузија.

Натпреварот ќе можете да го следите на следниот ЛИНК.