Ливриниќ и Јовановска со минимален триумф против Дунареа

Елена Ливриниќ и Дајана Јовановска тргнаа со победа во новата сезона од првенството во Романија. Данубио Галаци славеше со 15:14 против Дунареа Браила, а ова беше тест пред двобојот со ЧСМ Букурешт в сабота.

Ливриниќ беше стрелец на два, а Јовановска на еден погодок на овој меч така што успеаја добро да тргнат во новата сезона.

Инаку, за Дунареа сезонава ќе настапува Марија Штериова, но таа не беше во составот.