Лекиќ: Лавовски се боревме до крај

Екипата на Вардар одигра борбен меч во првото финале во историјата на клубот. Натпреварот заврши нерешено во регуларниот дел, но во продолженијата Ѓер стигна до победа со 31-30 со што стана нов европски првак.

По натпреварот, Андреа Лекиќ ја даде следната изјава:

 „Многу сум разочарана бидејќи сметам дека немавме еднаков третман во овој натпревар. Не сакам да барам алиби бидејќи лавовски се боревме до крај. Горда сум, но и разочарана. Сигурно тагата ќе се намалува како што ќе изминуваат деновите. Сепак, мораме да се носиме со оваа ситуација и следната година да се потрудиме да бидеме подобри. Спортски е да им честитам на Ѓер за титулата“