Левото крило се враќа во Македонија: Гоце Ојлески пред потпис со Работник?

Откако стана јасно дека нема да сметаат на услугите на португалскиот интернационалец Серхио Барош, раководните лица на Еурофарм Работник се пуштија во потрага по негова замена. Се чини дека таа ќе заврши во романскиот Одорхеи.

Оттаму, во Битола би требало да се пресели македонскиот репрезентативец Гоце Ојлески, до кој веќе е доставена понуда. Стружанецот пред да замине во Романија, пет сезони беше дел од Вардар, а одигра и две во Металург.

Работник во следната сезона, како и во пролетниот дел од минатата, ќе биде предводен од тренерот Андон Бошковски, а по пласманот во финалето, за првпат во историјата битолчани ќе играат и во европскиот Челинџ Куп.