Лада Тољати го освои ЕХФ купот

После пауза од три години руската екипа Лада Тољати повторо успеа да го освои ЕХФ Купот, со што конечно го најави враќањето на рускиот клубски ракомет на европската сцена.

10269048_267484300090037_2796126408800816086_o
Фото: Мариа Трифонова (Maria Trifonova)

Во вечерашниот напревар руската екипа предводена од страна на Левон Акопјан успеа да извади нерешен резултат на гостувањето во Данска и благодарение на  убедливата победа на домашен терен забележана пред недела дена се закити со златниот медал во оваа конкуренција.

Натпреварот започна доста изедначено и во првите минути двете екипи водеа вистинска борба на теренот што резултираше со голем број на досудени удари од седум метарската линија. Холанѓанката Еставана Полман сигурно ја предводеше својата екипа во првото полувреме и на крај данската екипа отиде на пауза со два гола разлика во нивна полза.

На половината на второто полувреме Алена Ихнева ја превзеде иницијативата во рускиот тим и резултатската предност се промени во полза на нејзината екипа. До крајот на напреварот данските ракометарки беа свесни дека е изгубена борбата за титулата и играа за престиж успевајќи да извадат нерешен резултат 32-32 и со тоа и дозволија на руската екипа да стигне до третиот Европски куп во клубската историја.

До крајот на сезоната уште еден предизвик стои пред ракометарките на Лада во домашното првенство каде што на 15 мај во Волгоград тие ја започуваат битката со екипата на Динамо за првото место во рускиот шампионат.