Кузмановски и Магдебург во последната секунда до победа против Мелсунген

Тимот на Магдебург, каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, забележа тешка победа во Бундес лигата.

Во драматичен натпревар од 18. коло, Магдебург на домашен терен се сретна со Мелсунген и славеше со 26-25 со гол во последната секунда, а на полувреме беше 10-10.

Кузмановски беше во ростерот на домашниот тим, но не доби шанса на овој натпревар. Магдебург со овие бодови се искачи на четвртото место.