Криза во екипата на Лада, Черноиваненко во Вардар

Голема криза ја зафати екипата на Лада Тољати и денес екипата ја објави информацијата дека најголем дел од играчите го напуштаат актуелниот освојувач на ЕХФ купот оваа сезона.Според официјалниот сајт на клубот, Олга Черноиваненко следната сезона ќе настапува во дресот на нашиот првак Вардар со што бројот на руски ракометарки во екипата ќе се зголеми и Вардар ќе добие одлично засилување на десната крилна позиција.

Екатерина Давиденко пак карирата ја продолжува во Баиа Маре, додека Екатерина Илина се одлучи да потпише за екипата на Ростов Дон.

Конкурентот на Лада во руското првенство екипата на Звезда Звенингород добива засилување на голманската позиција со Марија Басараб и централната бековска позиција со Екатерина Смирнова.

Сестрите Жилинскајте и Олга Горшенина заминуваат пак во екипата на Астраханочка од Астрахан.

Многу ми е жал што ги изгубиме сите овие играчи кои ја започнаа кариерата во нашиот клуб, но реалноста е дека во агресивна трансфер политика на клубовите како Ростов и Астраханочка не бевме во можност да ги задржиме играчите. Лично за мене, ова што се случува е трагедија, но во врска со ова не може ништо да се стори, мораме да продолжиме понтаму” изјави директорот на клубот Расул Баталов за официјалниот сајт на клубот.