Костески доби конкуренција во Загреб

Управата на ППД Зареб го ангажираше Владо Матановиќ со кој потпиша договор на три години. Овој 24 годишен ракометар е најновото засилување за тимот од летото во 2020 година.

Матановиќ игра на позицијата десно крило, каде што моментално за Загреб настапува и Ненад Костески кој добива уште поголема конкуренција. Хрватот доаѓа во Загреб од Горење Велење.

Последното засилување на шампионот на Хрватска имаше извонредни настапи во репрезентативниот дрес во пријателските натпревари со Германија. Тој со овие настапи се истакна како сериозен конкурент за патник на Европското првенство во јануари.

„Секое дете во Хрватска зане колку голем клуб е ППД Загреб и на секој млад ракометар сонот е еден ден да заигра во неговиот дрес. Тоа е една од причините зошто одлучив да дојдам тука. Познат е и признаен во Европа што ми дава дополнителни мотиви така што ќе ми биде да го носам дресот на Загреб. Од мали нозе го следам клубот и ги знам сите случувања, тренерите и играчите. Предеизвик е да ја оправдам довербата на најдобар начин и да дадам се од себе за најдоброто за клубот“, изјави Матановиќ по потпишувањето на договоот.

Владо Матановиќ е трето засилување на Загреб за наредната сезона по Милош Божовиќ и сеуште не официјализираниот Тодор Јандриќ.