Кога ќе го победите Келце – добивате „награда“

Полскиот вицепрвак Висла Плоцк, по неколку години, конечно се израдува на победа над големиот ривал Келце и очигледно сезонава нема да им биде лесно на Талант Душебаев и неговите избраници да стигнат до титулата.

Раководството на Висла и спонзорот Орлен, неколку дена по натпреварот се решија да „наградат“ двајца од творците на големата победа.

Тренерот Хаиер Сабате и десното крило Микал Дашек добија нови договори. Дашек дојде во Плоцк во 2014 година и со успех настапува во овој тим, па иако имаше активен договор до 2022, сепак две години пред неговиот истек тој е продолжен за уште две, до 2024 година.

Договорот на Сабате истекува во јуни 2020 година, односно на крајот од оваа натпреварувачка сезона, но и тој веќе е „награден“ со нов две годишен, што значи дека ќе биде на кормилото на Висла најмалку до 2022 година.