Кога ќе проработи „црвено-црната“ машинерија…(ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометарите на Вардар забележаа уште една победа во СЕХА и продолжуваат според зацртаното оваа сезона така што поразот од Мотор е заборавен. Со 27:25 денеска беше надиграна екипата на Нексе, а тоа воедно овозможи вардарци уште попозитивно да ја дочекаат новата пресметка со Мотор, но сега во Лигата на шампионите.

На дуелот против Нексе беше виден многу сличен тек на настаните како оној против екипата на Порто пред два дена, но повторно кога машинеријата на „црвено-црните“ ќе проработи нема тим кој може да им застане на патот.

Тоа се виде и денеска, па Вардар уште еднаш се снајде одлично во игра 7 на 6 и успеа да го наполни празниот гол на противникот.