Келце добива „засилување“ пред дуелите со Вардар

По репрезентативната пауза од 21 до 27 октомври, ракометарите на Вардар ќе ги чека продолжението во Лигата на шампионите и средбите на домашен терен со Мешков Брест и полскиот првак Келце.

Тимот на Талант Душебаев досега во елитното натпреварување не можеше да смета на повредениот Даниел Душебаев, но тој ќе се врати на теренот на 15 октомври во домашниот шампионат, а по ЕХФ неделата, ќе биде дел од составот на Келце и во ЛШ.

Помалиот од браќата Душебаеви, ги скина лигаментите на коленото за време на Светското првенство во јануари, но по девет месеци е подготовен за камбек.

На средната бековска позиција досега главниот товар го изнесува Карачиќ, повремено играа и Алекс Душебаев и Јуркевич, па тренерот на Келце ќе има дополнителна опција во Даниел Душебаев.

Натпреварите меѓу Вардар и Келце ќе се играат на 9 и на 17 ноември, во Скопје и Келце.