Катарина Томашевиќ во ФТЦ!

Една од најдобрите голманки во ракометниот свет,  Катарина Томашевиќ во идната сезона ќе брани за унгарскиот клуб ФТЦ од Будимпешта. Српската репрезентативка која настапуваше за француски Нант реши кариерата да ја продолжи во Унгарија. Тимот на ФТЦ оваа сезона  беше елеминиран во лигата на шампионите во првата рунда во конкуренција со Будуќност, Митјиланд и полски Љублин . Третото место од лигата на шампионите на екипата од Будимпешта и донесе место  во КПК ,  но и таму доживеаа  неуспех . За новата сезона ФТЦ ги задржа и главните ракометарки кои беа столб на екипата.

tomasevic
Фото-sport.blic.rs

Катарина Томашевиќ во својата кариера настапуваше за повеќе клубови меѓу кои: Хипо,  Ејзберг,  Бера Бера,  Зајечар ,  Турингер и Нант. На СП кое се одржa во Србија ,  Томашевиќ се покажа во одлично светло,  и беше една од најзаслужните за големиот успех што го постигна селекцијата на Србија.