Карабатиќ се повреди на пријателски натпревар

Ѕвездата на Барселона и на франсуската репрезентација, Никола Карабатиќ заработи повреда на листот за време на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Јамајка кој неговата репрезентација го доби со 44-23.

Исто така ова лето Карабатиќ треба да направи уште една операција на лактот. “Тоа се уште боли, имам мала пукнатина”, изјави Карабатиќ за француски Л’екип додавајки: Ќе бидам подготвен за Олимписките игри во Рио, и за Светското првенство. Колку долго Французинот ќе биде надвор од ракометните терени сеуште не е познато.