Карабатиќ: Македонија од година во година е се поопасна (ВИДЕО)

Дербито на денешната програма на Мундијалот помеѓу Франција и Шпанија и припадна на Франција  со резултат 33-30. Ниту расположениот Штербик на голот не успеа да ја врати “фуријата” во игра, иако шпанците имаа неколку обиди да се вратат во натпреварот.

Еден од подобрите на теренот беше Лука Карабатиќ кој водеше беспоштедна борба со противничките ракометари. Според него Франција постепено ја подигнува формата на СП, одејќи чекор по чекор кон нова титула на големите ракометни натпреварувања.

За Македонија ќе каже дека од година во година е се поопасна, а ангажманот на Раул Гонзалес на клупата е една од главните причини поради која го дели тоа мислење.

Поопширно со Лука Карабатиќ веднаш по победата над Шпанија погледнете во продолжение на 24Ракомет ТВ.