Капитенот Стоилов призна: Игравме конфузно

Вардар се враќа од Барселона без бодови од мечот на неделата. Црвено-црните загубија со 26-34 (15-16) и тоа најмногу поради лошите 15-тина минути од второто полувреме. Нашиот тим постигна само три гола за 15 минути, а Барселона тоа го искористи да направи двоцифрена предност

Барселона имаше 15 контри, а Милосављев толку одбрани. Тие контри беа клучните за триумфот на шпанскиот тим. Сепак домашниот голман Мелер се разбрани во клучните минути. Вардар немаше шанса да се врати пак во игра. Капитенот Стојанче Стоилов на прес-конференцијата по натпреварот откри зошто Вардар така лесно загуби,

„ Му честитам на домашниот тим, особено на нивниот голман. Тој ги искористи нашите 10 минти на конфузија. Имавме добро полувреме. Мислевме дека сме на добар пат. Но, во второто полувреме Барселона ја искористи предноста и нашите грешки. Ако сакате да победи и ако сте релаксирани ќе загубите од секого, изјави Стоилов.

Следниот меч во Лигата на шампионите ракометарите на Вардар го имаат в сабота во Белорусија и му гостуваат на Мешков Брест.