Капитенот на Мелзунген падна од мотор: Михаел Милер со скршен зглоб

Ракометарот на Мелзунген, Михаел Милер падна од мотор при што го скрши зглобот на ногата и ќе биде надвор од терените подолг временски период. Ова е нова лоша вест за тимот бидејќи пред извесно време се повреди и неговиот брат близнак, Филип кој ќе биде надвор од терените од шест до осум недели поради проблеми со рамото.

Михаел има сериозна повреда така што ќе биде навистина тешко да се врати до крајот на сезоната.

„Жалам поради ова што се случи. Ми рекоа дека ова е среќа во несреќа поради тоа што сум можел да поминам далеку полошо, но тоа не е никаква утеха за мене. Повредата доаѓа во лош момент, а уште полошо е што ќе бидам надвор од теренот подолго време“, изјави Михаел Милер после добивањето на повредата.