Како Струга нема друга: Кадетите покрај езеро ја почнаа мундијалската мисија (ФОТО)

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Данило Брестовац вчера изврши прозивка со која означи старт на подготовките за Мундијалот на кој сме домаќини од 6 до 18 август. Брестовац на располагање има 23 ракометари од кои ќе треба да ги избере најдобрите 16 за настап на шампионатот.

Македонија подготовките ги почна вчера во Струга и таму ќе се работи една недела. Потоа тренинзите ќе продолжат на Маврово, а завршната фаза е предвидена за Скопје каде што и ќе се игра шампионатот. Групата во која е Македонија ќе игра во салата во СЦ „Борис Трајковски“ така што е сосема извесно дека ќе има интересни средби.

Ракометарите имаат одлични услови на почеток и сега останува само на нив да го покажат најдоброто и да се изборат за место во тимот на Брестовац за првенството. Првиот натпревар го играат на 6 август.