Како легендарниот Ивано Балиќ ги “подбра” судиите пред седум години (ВИДЕО)

Ракометот е спорт во кој судиите можеби го имаат најголемото влијание во креирањето на крајниот резултат.  Хрватската ракометна репрезентација е една од низата која е драстично оштетена од судиските одлуки, кои директо влијаеле на конечниот пласман на таа репрезентација.

Вчера бевме сведоци на тоа како еден судиски свиреж за дел од секундата може да ги фрли во вода сите спортски надежи за полуфинале на еден ракометен национален тим. Реакцијата на хрватскиот селектор  беше и повеќе од оправдана, посебно по признанието на данскиот судиски пар дека направиле огромна грешка во последната минута од натпреварот.

Червар истакна како Хрватска мора да го крене својот глас против вакви судиски неправди, посебно ако се знае дека неговата репрезентација години наназад е оштетувана на големите ракометни натпреварувања. Лино ги наброја првенствата во 2008, 2009 и 2010, за кои смета дека беа судиска хаварија за Хрватска, а ние ќе се вратиме во 2012 година на ЕП во Србија, на кое легендата на хрватскиот ракомет Ивано Балиќ имаше посебна порака до тогашните судии.

Погодувате зошто?  Хрватска беше оштетена..