Кадетен Шафхаузен на чекор до титулата

Кадетен Шафхаузен-Винтертур 27-26(15-14)

*(натпревар бр.2)*

Екипата Кадетен Шафхаузен поведе со 2-0 во финалната серија против Винтертур и се наоѓа на една победа до освојување на титулата во Швајцарија. „Кадетите“ по првата победа која ја извојуваа на гостински терен (21-25), овојпат и во својата сала славеа над Винтертур со 27-26. Можеби резултатот укажува на тоа дека се играше неизвесен натпревар но не беше така. Винтертур играше добро, и во поголемиот дел од првото полувреме имаше водство помеѓу еден и два голови разлика. Сепак Кадети успеаа да ги консолидираат своите редови и со голот на Питер Кукучка заминаа на полувреме со водство од 15-14.

Домаќините во ист стил го почнаа и вториот дел правејќи серија од 3-0 за водство од 18-14 во 33мин. Кадети имаше постојано водство во вториот дел кое кулминираше со голот на Кукучка за највисоки 27-20 во 50 мин. По ова следуваше опуштање од страна на домашниот тим кое за малку можеше да биде казнето. До крајот на натпреварот Винтертур направи серија од 6-0 и со голот на Марсел Хес на 16 секунди на крајот успеа да стигне до 27-26!. Сепак до крајот остана многу малку време да може да се надеваат на комплетен пресврт на овој натпревар.Јурка со 6, и Стојановиќ со 4 голови беа најефикасни во екипата на Кадетен.Кај гостите Крег 6 пати се запиша во листата на стрелци, додека Марош постигна 5 голови.

Со оваа победа Кадети Шафхаузен се наоѓа на чекор од освојување на својата седма титула во изминативе девет години.

*Натпревар бр 3. Винтертур-Кадети Шафхаузен (18.05.2014) во 17:00 часот.*