И Келце има проблеми со повреди пред дуелот со Вардар

На натпреварот од полскиот шампионат меѓу Келце и Заглебје, домашниот тим кој е следен ривал на Вардар во ЛШ, остана без десно крило.

Полскиот репрезентативец Аркадиуш Морито има истегнат мускул и ќе паузира две до три седмици, што значи дека нема да настапи на двете средби со Вардар.

Тоа значи дека на десната бековска и крилна позиција, Талант Душебаев ќе комбинира со Алекс Душебаев, Блаж Јанц и Бранко Вујовиќ.

Покрај Морито, надвор од стројот во Келце се и левиот бек Томаш Гебала и левото крило Матеуш Јахлевски.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра в сабота со почеток во 17:30 часот.