ИХФ возвраќа: Шамар за Червар и Хрватска, допрва следува хаос!

Хрватската ракометна репрезентација и покрај тоа што беше оштетена за евентуално полуфинале од страна на данските судии Гјединг-Хансен, на крајот веројатно ќе мора да се соочи и со дополнителни казни од страна на Светската ракометна федерација.

Заради случувањата во текот и по завршувањето на натпреварот делегатот поднесе пријава до дисциплинската комисија на Светската ракометна федерација, а постапка е започната против еден ракометар и тројца членови на од стручниот штаб на Хрватска-потврди претседателот на ИХФ-Хасан Мустафа.

Хрватска во понеделникот по низа судиски грешки беше поразена од страна на домаќинот Германија со резултат 22-21, што наиде на остра критика од страна на хрватскиот селектор Лино Червар, како и претседателот на хрватскиот ракометен сојуз, Томислав Граховац.