Искусните „Вардарки“ против својата младина

Денес, 19.05.2014, ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ во СРЦ „Кале“ со почеток од 16:00 часот, за противник ја имаат младинската екипа на ЖРК Вардар предводена од Аце Станковски. Овој натпревар треба да биде само формалност, а до крајот останаа уште два натпревари. Избраничките на Индира Кастратовиќ на утрешниот натпревар ќе настапат со комбиниран состав, а во екипата ќе има и ракометарки од пионерскиот погон.
По овој натпревар, ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ во вторник гостуваат во Автокоманда против младинскиот погон на Металург, Металург Скопје ( 16:00 часот ) , а пак во среда ја пречекуваат екипата на ЖРК Кожувчанка во СРЦ „Кале“ со истиот термин од 16:00 часот.

Младинскиот тим на ЖРК Вардар за наредната сезона избори место во Европа, моментално се наоѓа на делба на третото место со РК Металург Скопје.