Индира Кастратовиќ: Вардар СЦБТ има големи амбиции за престојната сезона

По одржаната ждрепка во која екипата на ЖРК Вардар СЦБТ се најде во групата Б заедно со екипите на Будуќност, Турингер и квалификантот (најверојатно Митјиланд кој е голем фаворит во дуелите со Бјасен, Подравка и Раднички Крагуевац) свое видување има и тренерот на екипата Индира Кастратовиќ.

Нашата група е многу тешка. Знаеме колку се силни екипите на Будуќност и Турингер, а очекуваме Митјиланд да ја комплетира нашата група, со оглед на тоа што е голем фаворит во квалификациската група покрај Бјасен, Подравка и Раднички Крагуевац. Тука нема аутсајдери и не смее никој да се потцени. Сметам дека рамноправноста на екипите е главна одлика на оваа група. Сепак, и ние имаме квалитетен тим и големи амбиции сезонава

– изјави Кастратовиќ за официјалниот сајт на Жрк Вардар СЦБТ.