Илија Крстевски останува во Финска

Десното крило Илија Крстевски, кој во минатата сезона за првпат беше интернационалец во дресот на Паргас ИФ, ќе го продолжи својот престој во Финска.

Крстевски го продолжи договорот на уште една година, а тимот сезонава за разлика од лани кога играше плеј-аут има поголеми амбиции и ќе се бори со Дикен и ХИФК за пласман во плеј-офот, ако се знае дека Кокс се тешко достижни.

Десното крило потекнува од составот на Металург, две сезони беше дел од Пролет, настапуваше и за велешки Борец и Јуниор Кисела Вода, а наскоро ќе почне да ја одработува втората сезона од интернационалната кариера.