Изабел Гулден стана мајка, се враќа на терен за три месеци!

Средниот бек на репрезентацијата на Шведска и екипата на Брест, Изабел Гулден стана мајка. Таа очекува да се врати на терените во октомври. Ракометарката за радосната вест објави на нејзинот профил на Инстаграм.

Изабел родила момче. Таа сеуште не знае дали ќе има доволно време по враќањето на терените да се подготви за Светското првенство во Јапонија.

„Уште е тешко да зборувам за враќањето, но ако сè оди според планираното би требало да бидам на терените во октомври. Тогаш ќе мора да видам во каква фомра ќе бидам и дали ќе можам да помогнам на мојата репрезентациај на првенството“, рече 30-годишната Гулден.

Светското првенство за жени ќе се одржи во Јапонија од 30 ноември до 15 декември 2019 година. Шведска ќе игра во група Д со Конго, Аргентина, Кина, Русија и Јапонија.