Звонко Шундовски: Имаме максимална цел, одиме на сите три титули во Романија (ВИДЕО)

Екипата на Констанца одигра добар турнир во Струга, а на крајот не успеа да стигне до првото место откако загуби со само еден гол од екипата на Целје (24:25). Романците можат да жалат за пропуштеното со оглед на тоа што најавуваа атак на титулата.

И покрај тоа што не успеаја во битката за првото место факт е дека оставија одличен впечаток. Тој е задоволен од она што ракометарите го покажаа на теренот особено од играта која ја демонстрираа во сите минати денови.

„Кога би направил ретроспектива за сите натпревари во минатите денови мислам дека имаме напредок во формата. За една недела не очекува Супер куп и очекувам да бидеме максимално подготвени. Таква е и нашата цел. Одиме на максимум во новата сезона односно по сите трофеи. Сакаме трофеи во оваа сезона и во првенството и во Купот на Романија, а со добра ждрепка во 3. коло од Купот на ЕХФ, можеме да се надеваме на добар резултат и таму“, изјави Звонко Шундовски за 24 Ракомет.

Комплетната изјава на Шундовски можете да ја проследите во видеото во продолжение.