Звезда го освои рускиот куп

Завршницата на овогодишниот куп на Русија се одигра во Звенингород и екипата домаќин на овој турнир – Звезда, денес во финалето успеа да ја совлада екипа на Кубан Краснодар со резултат од 37-26 со што го освоија домашниот куп. Уште во првото полувреме Звезда успеа да оствари значителна предност од 5 погодоци, со што избраничките на Александр Рева јасно им ставија до знаење на нивните противници дека пехарот оваа сезона ќе биде во нивни раце. Најмногу погодоци во составот на Звезда во денешниот натпревар беа постигнати од Артјухович и Лобач.

Во натпреварот за третото место, екипата на Лада предводена од Горшенина и Горшкова дојде до убедлива победа од 26-33 над Динамо Волгорад и го освои третото место. Со заврушувaњето на купот и официјално заврши ракометната сезона во Русија.

Резултати:

Звезда Звенингород – Кубан Краснодар 37-26 (16:11)
Динамо – Лада 26-33 (14:16)