Зарем може некој друг: Штербик ја има најдобрата одбрана на ЕП!

Голманот на Вардар, Арпад Штербик кој беше клучниот фактор во победата на Шпанија над Шведска и освојувањето на титулата, ја има најдобрата одбрана на финалниот викенд на ЕП.

Тешко дека без него Шпанците така лесно и убедливо ќе ја минеа Франција во полуфиналето, а уште повеќе и Шведска во финалниот двобој.

Покрај најдорите одбрани, ЕХФ ги избра и најубавите голови, а сопственик на најубавиот погодок е Ласе Сван од Данска, кој погоди на полуфиналниот меч со Шведска за реми во последните секунди.