Започна продажбата на билети за дуелот со Франција

Започна продажбата на билети за натпреварот со Франција во рамките од квалификациите за Европското Ппрвенство кое во 2016 година ќе се одржи во Полска.

Билетите по цена од 200 и 300 денари ќе можат да се набават он-лајн преку продажната мрежа на Миктикетс и на билетарницата во СЦ „Борис Трајковски“.

Натпреварот со Франција е закажан за 29 април со почеток во 20:15 часот, а домаќин ќе биде арената „Борис Трајковски“ Скопје.