Запознајте го хрватскиот “мистер туризам” што и даде четири голови на Франција! (ВИДЕО)

Хрватската ракометна репрезентација славеше над Франција со резултат 23-20, подзаборавајќи бар на момент на судиската лакрдија на мечот против домаќинот Германија.

Со оваа победа популарните “каубои” го обезбедија посакуваниот пласман во квалификациите за ОИ во Токио 2020 година, како и обезбедија дуел со Шведска во борбата за 5.место на првенството.

Еден од поборбените ракометари на теренот во таборот на Хрватска  беше и десниот бек Јаков Вранковиќ кој на најдобар можен начин ја искористи добиената шанса од Червар. Ракометарот на Татабања, беше одлична замена за Лука Степанчиќ, а со својата игра посебно во одбраната каде им дишеше во врат на најголемите ракометни ѕвезди на најдобар можен начин го оправда повикот во националниот тим.

За тоа како Јаков го виде настапот на Хрватска на СП, неговата кариера како модел, и клупските предизвици кои го очекуваат во иднина, погледнете во изјавата која Јаков Вранковиќ ја даде за 24Ракомет ТВ.