Загреб и Вујо не успеаа да направат нова сезнација: Моќниот ПСЖ пресилен за хрватскиот шампион!

Во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч помеѓу ППД Загреб и ПСЖ, ракометарите на Веселин Вујовиќ немаа сили за ново изненадување. Моќниот ПСЖ беше преголема пречка за амбициозниот и мотивиран хрватски шампион, совладувајки го во преполната Загрепска Арена со резултат 20-28 (13-16).

ППД Загреб -ПСЖ 20-28 (13-16)

Уште од самиот старт ПСЖ покажа дека е дојден по победа, по која во голема мерка ќе си го осигура патот кон Келн. Дрим-тимот на искусниот лицес Сердарушиќ на самиот почеток поведе со головите на Хансен и Онуфриенко, а првиот погодок за хрватскиот шампион беше дело на пикерот Контрец. Загреб успеваше да парира во првите пет минути, а во продололжението Хансен започна да го торпедира голот на Загреб носејки му ја на ПСЖ највисоката предност од +5, (5-10) на средината на првиот дел. Загреб се закани за момент кога при резултат 7-12 успеа да направи серија од 3-0 по која стигна на 10-12. Следуваше нов одговор од Хансен кој беше незапирлив за одбраната на хрватскиот шампион. Данецот кој стигна до својот седми погодок во првиот дел беше главниот иницијатор за нова 4-0 серија по која францускиот состав го врати највисокото водство од пет голови позитива (10-15), во 25.минута. Сепак последните две минути од првиот дел му припаднаа на Загреб кој со головите на Вујиќ и Ковачевиќ замина со негатива од 13-16.

Загрепчани фуриозно го стартуваа второто полувреме. Головите на Сабљиќ, Хорват и Вујиќ значеа израмнување на резултатот на 16-16, за тотална ерупција во Загрепска арена. Работите не одеа така глатко во корист на ПСЖ, па Сердарушиќ беше принуден да повика тајм-аут. Загреб одржуваше резултатска неизвесност до 42.минута (18-18), по што следуваше црн период во кој ракометарите на Вујовиќ цели осум минути не постигнаа погодок. ПСЖ одговори со нова серија од 4-0 по која повторно ја врати сигурната позитива, овојпат 18-22 во 48.минута. Во последните десетина минути и комплетно беше скршен отпорот на домаќинот кога ПСЖ стигна и до највисоки 20-28, што беше и конечен резултат на натпреварот.

Микел Хансен со 9 и Карабатиќ со 6 гола го предводеа ПСЖ до висок триумф во Загреб. На спротивната страна најефикасни беа Вујиќ и Мандалиниќ кои постигнаа по 4 погодока.