Загреб и Вујовиќ издржаа едно полувреме против Веспрем

Тимот на Веспрем, за  разлика од вчерашниот меч против Металопластика во Шабац, кога настапи со младински состав засилен со тројца првотимци, на денешниот дуел во Загреб беше со првиот состав и успеа да слави со 23-26.

Во првиот дел кој заврши 13-13 имаше дури 12 израмнувања на резултатот, ниту една од екипите не успеа да оствари поголема предност. Во второто полувреме Загреб одолеваше на гостинските напади уште петнаесетина минути, пред нашиот репрезентативец Дејан Манасков со првиот гол да донесе плус три за Веспрем, 19-22.

Унгарскиот гигант не ја прокоцка тешко стекнатата предност и до крајот само рутински ја одржа за конечно славје во хрватската метропола, 23-26. Манасков средбата ја заврши со три гола од седум обиди, а Веспрем со овој триумф ја осигура првата позиција во групата Б.