Заврши сезоната за Александер Деревен!

Македонскиот шампион Вардар ќе мора да продолжи без левиот бек Александар Деревен. Младиот руски интернационалец заработи сериозна повреда на дуелот со Рајн-Некар Ловен, а првичните прогнози беа дека ќе отсуствува неколку седмици.
Но од таборот на „црвено-црните“ дојде информација дека повредата не е нималку наивна, се работи за напукнување на предните вкрстени лигаменти по што ракометарот го очекува операција и долг период за рехабилитација пред повторно враќање на терените.
Тоа значи крај на сезоната за новото засилување на левата бековска позиција и нови проблеми за тренерот Гонзалес во продолжение на елитното ракометно натпреварување.
Во наредните денови се очекува официјална потврда на веста која ќе ги разочара „црвено-црните“ навивачи.
FLP_5771