ЖРК Вардар СЦБТ убеделиво против Металург Скопје

Вардар СЦБТ во Автокоманда го потврди реномето на третиот тим во Европа. Составот на Индира Кастартовиќ, натпреварот го завршија со резултат од 19:43 (10-24). Уште од самиот почеток Вардарки направија водство кое го одржуваа во текот на сите 60 минути. Младите надежи на Металург Скопје имаа големи потешкотии да го пронајдат патот до мрежата на Саидова, а од друга страна Зебиќ и Радичевиќ  беа незадржливи во контра нападите. За Вардарки не настапија Лејно, Лекиќ, Лојпур и Црвенкоска . Најефикасна кај ЖРК Вардар СЦБТ беше Радичевиќ со десет голови, кај Металург Скопје, Тодоровска постигна седум голови.

vardar-metalurg skopje
Фото- www.zrkvardar.com

Утре ЖРК Вардар СЦБТ во Кале го игра последниот натпревар за оваа сезона, противник е ЖРК Кожувчанка од Штип. Натпреварот се игра со почеток од 16:00 часот, влезот за сите љубители е слободен.